Драган Лазарески
основач и извршен директор

За Драган Лазарески - основач и извршен директор

Драган Лазарески, дипломираше на Машински факултет во Скопје при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, во 1990г., а магистрираше 2014г. на истиот факултет на темата, управување со ризик во индустриската дејност, поврзувајќи ги на научна основа осигурителната дејност како финансиска услуга со машинските науки, поточно имплементирање на машинските науки во осигурувањето.

За да биде ова можно, придонесе работната кариера во осигурувањето од 24 години до периодот на магистрирање, а денес веќе над 30 години.

Започнувајќи ја својата кариера во осигурувањето како виш соработник за индустриско осигурување, процена и ликвидација на штети, во седиштето на тогашната државна осигурителна компанија АДОР „Македонија“ во 1994 година, по 4 години поминати во индустријата во раните 90-ти, бил назначен за раководител на Секторот за реосигурување во 1995 година со задачи за развој и имплементација на современо управување со ризици во компанијата. Поради неговиот успех во оваа област, тој беше назначен за директор за реосигурување на компанијата во 1998 година. Водел неколку проекти за имплементација на нови деловни стратегии во компанијата, а по приватизацијата на компанијата во 2001 година, кога станува дел од глобалната осигурителна групација Кјуби Европа, е назначен за извршен директор на опрациите со големите клиенти. Во 2003 година, тој ја напушта компанијата, со цел да основа едно од првите брокерско-осигурително друштва, Еуромак Брокер АД. Во следната деценија, компанијата, но и самиот тој продолжи да учествува во преобликувањето на македонскиот осигурителен пазар, откако беше инвеститор и управен директор во двата грен-филд проекти, „Осигурителна полиса“ во 2005 година, а подоцна во 2009 година на „Кроација осигурување - неживот“. Од 2014 година ги насочува своите напори и бизнис планови само во брокерот Еуромак, станувајќи негов претседател, а од 2017 година и Извршен директор.