Еуромак брокер добитник на „Go Global“ наградата 2025 на ITC
Соопштение за медиуми
Предмет – Доделување на „ГО ГЛОБАЛ“ – Награда од ИТЦ – Совет за меѓународна трговија за Осигурително брокерско друштво Еуромак брокер АД Скопје
„ГО ГЛОБАЛ“ - Наградата 2025 на ИТЦ - Организацијата за поддршка на малите и средни бизниси при ООН ( Организацијата на обединетите народи ) и ИЦЦ ( Меѓународната стопанска комора ), за вонредни достигнувања во финансискиот сектор, ја додели за 2025.г., на Осигурителното брокерско друштво - ОБД Еуромак брокер АД Скопје.
Доделувањето се спроведе на 19. Ноември 2025.г. во Палатата бр.1 на Авенија „Џорџ Велики“ - Вестминистер, Лондон, Велика Британија, во свечените хали именувани според најголемите иноватори и претприемачи од индустриската револуција, Јohn Smeaton ( 1724-1792 ) и Marc Isambard Brunel (1769–1849).
Ова е прва „ГО ГЛОБАЛ“ - награда од ИТЦ доделена на деловен субјект од македонската осигурителна индустрија.
Клучната годишна програма на Советот за меѓународна трговија, наградите „Go Global“ , ја препознава и означува извонредноста во глобалната трговија, иновациите, стабилизирање и проширувањето на пазарот. Наградите ги истакнуваат оние компании што имаат значително влијание во меѓународната трговија.
Ова ценето признание, за 2025 Година, го доби Осигурителното брокерско друштво Еуромак брокер АД од Република Северна Македонија, за демонстрирање неспоредлива експертиза во справувањето со сложеноста на осигурителните пазари во регионот, а особено во предизвикувачката економска средина на Република Северна Македонија и докажана способност за водство и иновации во рамките на осигурителниот сектор и одржување на негова стабилност, особено во економиите во транзиција и пазарите во развој. Ова вклучува развој на нови осигурителни производи и решенија кои се специјално прилагодени на потребите на клиентите во Република Северна Македонија и обезбедување исклучителна услуга за клиентите, прилагодени осигурителни решенија и се-опфатна поддршка во текот на целиот процес на осигурување.
„Исклучителен момент за нашето друштво, и секако за нашата осигурителна индустрија во целина која даваше поддршка во работењето, со добивањето на ова признание за доприносот во успешната трансформација на осигурителниот пазар кај нас, во одговорен урамнотежен финансиски систем базиран на реален капитал и претприемништвото, кој има за цел да им даде сигурност и безбедност на правните и физичките лица преку полисите за осигурување. Одговоривме на поканата за евалуација и номинација за ова ценето признание, поттикнати од сознанието дека и глобалниот пазар ги препознал нашите вредности. Вредно е чувството дека сте придонеле за нештата да се придвижат и потоа силно движат во права насока, и тоа посебно во сопствената и пошироката деловна средина“, изјави Драган Лазарески, Извршен директор на Друштвото.





